Ефтинија Ролс своите почетоци ги бележи во 1995 година во Скопје на ул. Серава во мала работилница. Заштитната решетка или „Роло Решетка МО1“ е првиот прозивод кој е излезен од производниот процес.
Сега, после 25 години работење и постојано надградување а во постојан контакт со потрошувачите и нивните потребни го зголемивме асортиманот во производството со гаражни врати, огради, повеќе модели на мотори за гаражни и надворешни врати. Погонот се префрли во новата производна хала со магацин, канцелариски и изложбен простор со површина од 2.000м2.
Соработката со нашите деловни партнери за набавка на репроматеријали од Италија, Грција и Германија ни го донесе и генералното застапништво на Biorol за Македонија и се разбира на барање на купувачите продолжуваме со проширување на асортиманот.